Надвор од животна опасност е велешанецот над кого утрово мина ,,Шпанецот“ на битолска пруга

Објавено: 31 октомври, 2013, во 15:49 часот

Со гребнатинки на екстремитетите и лесна повреда на главата минал велешанецот Н.Н кој утрово околу 6 часот директно од железничката пруга Битола – Скопје бил пренесен на хирушкото одделение во велешката болница. Над четириесет и седум годишниот маж, кој лежел на треверците помеѓу двете шини, поминал битолскиот патнички воз на околу еден километар пред станицата во Велес.

– Пациентот е свесен, нема сериозни повреди и после направените иследувања се наоѓа во добра здравствена состојба. Има гребнатини на рацете и нозете и лесна повреда на главата со која се здобил најверојатно при паѓање. Задржан е на болничко лекување и неговата состојба ќе се следи, рече с-р Силвана Мишкова, портпарол на Општа болница Велес.

Велешанецот имал среќа што возот бил шпанец и бил висок па минал над него без сериозно да го повреди или убие. Засега не е познато како Н.Н се нашол на пругата, дали му се случило да падне и да се онесвести, да заспие или сакал да се самоубие. Тој во целата несреќа имал среќа, велат работници на Македонски железници.

Овој дел од пругата која мине низ Велес, кај кафеаната „Маринела“ е во свиок и не е прегледен. Таму утрово час и половина возот стоел а железничкиот сообраќај бил во прекин. Полицијата направи увид и ќе ја расветлува случката која, за разлика од онаа што се случи пролетва кога загина дваесетина години старо момче, сепак има среќен крај./Б.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.