За навреда на татко, велешанец бил натепан и киднапиран

Објавено: 14 ноември, 2013, во 15:52 часот

Насилник со метална шипка удирал во предел на главата,  натепал и му скршил рака на велешанец, кого потоа насилно го внел во автомобил и го однел на викендица со цел да го натера да му се извинува само затоа што претходно во расправија му го навредил таткото. Натепаниот, повреден и лишен од слобода велешанец постапил како што побарал насилникот. Потоа бил избркан од викендицата.

Оваа драма се случила деновиве во населбата Речани во Велес. Случката е пријавена во полициската станица . Полицијата интервенирала и работи на  нејзино расветлување. Насилникот и натепаниот се на иста возраст, двајцата имаат по 43 години.  Случката во полицискиот билтен е регистрирана како „противпаравно лишување од слобода“ и „нанесување на тешка телесна повреда“.

Во изминатите седум дена во велешко се случиле и две кривични дела разбојништво, една измама, едно одземање на моторно возило и три тешки кражби.

Во истиот период се случиле и пет сообраќајни несреќи./Б.Н

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.