Огнот проголта се, на семејството Калинови му треба помош

Објавено: 7 декември, 2013, во 12:57 часот

Трошни ѕидови на катот од семејната куќа на Калинови останаа но секој момент можат да се урнат. Во пожарот кој се случи пред неколку дена им изгоре се што имаа. Семејството го исчисти шутот и пепелтта. Тогаш видоа дека немаат ништо за живот. Бабата Ставрула ,која беше повредена од пожарот, закрепнува во болница. Останатите седумммина членови на семјствата на нејзините два сина, живеат кај роднини и пријатели. Тие бараат помош за да се обнови нивниот дом.

– Ѕидовите се целосно уништени на горниот кат, на долниот пак се е нагризано од влагата и водата која се слевала. Мислам дека ништо од ова не можеме да искористиме. Нема ниту струја. Гледате како се се рони од она што сме создавале цел живот, рече Слободан Калинов.

– Гледате ситуацијата каква е ни треба помош, тоа е повеќе од потребно, ние во моментов сме по роднини и пријатели, спасено е само дел од гардеробата друго се е уништено, рече Ноне Ѓорѓиева.

Калинови ги чекаат резултатите  од постапката со која се утврдува што точно го предизвика огнот. Во меѓувреме се прави и проценката за штетата.  Велешка градежна фирма им помогна да го расчистат шутот. Општина Велес и градоначалникот од буџетот како помош за Калинови одвоија 2 илјади евра.

– Првична помош за семејството Калинови ќе биде реализирана веднаш по доставувањето на сметката. Јас како градоначалник предложив да им се плаќа киријата за неколку месеци, но за сега рекоа дека не е потребно ова, а ние ќе разгледаме во иднина како се уште можеме да им помогнеме на овие луѓе се разбира се што е во доменот на работењето на локалната самоуправа во вакви случаи, рече Славчо Чадиев, градоначалник на Велес.

Според Калинови ќумбето на дрва најверојатно не е причината за пожарот и се сомневаат  дека се работи за проблем во елктричната инсталација.  Во меѓувреме се надеваат на помош од граѓани и фирми за да изградат нови домови бидејќи во урнатините на сегашниот тие не можат да живеат./Б.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.