Велешките екологисти со предлог мерки за намалување на загадениот воздух во градовите

Објавено на 18 декември, 2013 во 14:01

 

Kонкретни предлози за намалување на загадувањето на воздухот во Скопје, Тетово, Битола и Кичево денеска предложија велешките екологисти. Ќе и ги испратат на Владата и ќе бараат да се применат и во другите загадени градови, на целата територија на државата. Треба да се забрани користењето на гуми во производствениот процес на индустриските капацитети и целосно да забранат тешките товарни возила кои повеќе загадуваат отколку што сообраќаат.

Во Македонија треба што поскоро да се  поттикне користењето на алтернативни извори на енергија поточно еко плинот и био дизел горивата, преку намалување на акцизата и цената на горивото.

– Ако два до три месеци во годината се инвестира во здравјето на граѓаните, мислам дека од потрошувачката нема многу и државата да изгуби, од добивките што ги имаат од поеколошките горива наспроти штетите од оние што денеска масовно се употребуваат како нафтата, мазутот а значително ќе се намали загадувањето на воздухот, рече д-р Ненад Коциќ.

Екологистите сметаат дека исто така причина за енормното загадување на воздухот се оџаците на индустриските капацитети, поскапувањето на електричната енергија и зголеменото користење на дрвата за затоплување. Соголувањето на шумите и дрворедите во градовите се дополнително стимулирање на загадувањето на воздухот.

-Ние од еколошкото друштво „Вила Зора“ секогаш сме биле против сечењето на дрвата. Не смее да се сече дрво доколку не преставува опасност за граѓаните и околината, кое не е старо. Бидејќи секое дрво може да се премести на друго место а не да се сече затоа што основната негова функција е да го прочистува воздухот и да го апсорбира чадот и другите честичи кои се наоѓаат во воздухот, рече д-р Коциќ.

Велешките екологисти предлог мерките ќе и ги испратат на Владата. Од неа очекуваат да ги примени и мерките на Светската здравствена организација./Б.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.