Приколките на камперистите од „Младост“ неможат да останат покрај Бабуна

Објавено: 11 декември, 2013, во 11:16 часот

Граѓаните кои одлучија камп приколките од велешко езеро да ги дислоцираат покрај брегот на реката Бабуна ќе се соочат со ново барање за преместување. Ќе им го испорача општината која од сопствениците на приколките ќе бара да си најдат легално место за нивно паркирање и чување. Таква локација не е реката Бабуна поточно диво изградената викенд населба над излетничкото место кај Велес.

– Немаме конкретна бројка колкав е бројот на камп-приколки кои се стационирани на Бабуна но едно е сигурно дека таму нема да има воопшто поставено камп-приколки и нема да дозволиме да се узурпира просторот за што ќе постапиме согласно законските прописи, рече градоначалникот Славчо Чадиев.

Сега на сопствениците на камп приколките им претстои потрага по нова локација. Алтернативната под локалитетот Пешти општината смета дека не е погодна.

Претходно, кога камперистите ги подготвуваа камп приколките за селење од брегот на езерото „Младост“, дел од нив рекоа дека ќе ги носат на Бабуна и направија споредба со диво изградената викенд населба на чии сопственици општината им дозволила да изградат диви градби и сеуште ги толерира наспроти ставот да ги иссели нивните диво поставени кампери од езерскиот брег./Б.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.