Земјоделците во велешко возат регистрирани трактори
Само 54 земјоделци од вкупно 650 во општините Велес, Градско и Чашка. Останатите го испочитувале законот и ќе ги возат овие земјоделски машини со регистерски таблички. Станува збор за регистрирани претежно нови трактори, велат од велешката полиција.
– Според бројот на регистрирани трактори општините Велес, Градско и Чашка се вројуваат меѓу најдобрите во Македонија. До крајниот рок се очекува и останатите сопственици на трактори да ја исполнат својата должност и да ги регистрираат овие земјоделски машини, рече портпаролката на СВР Велес, Анита Стојковска.
Најголем број од земјоделците кои си обезбедиле регистерски таблички на машините се земјоделци од селата Иванковци и Оризари како и од Градско. Само во Иванковци се регистрирани 170 трактори и според податоците нема ниту еден земјоделец кои останал без табличи на земјоделска машина.
– Јас го регистрирав затоа што сметам дека редно беше да се знае колку трактори има, од која година се а во најскоро време треба оние најстарите да се заменат со нови. Ние во Иванковци имаме околу 200 трактори со кои обработуваме голема површина земја, рече земјоделецот Миливој Стојков.
Според официјалните податоци освен тракторите навреме пријавени се и другите приклучни земјоделски машини како комбајни, брани, приколки.