Педесет и четиригодишен велешанец си го одзеде животот

Објавено: 3 јануари, 2014, во 14:35 часот

Со скокање од карпа во близина на реката Тополка вчера доцна попладне животот си го одзел Војо С. (54) од велешката населба Превалец. Самоубиството се случило во местото викано Пештера, во близина на населбата.

Педесет и четири годишниот велешанец од дома излегол околу 16 часот. Два часа подоцна неговото безживотно тело го пронашол случаен минувач кој повикал брза помош. Лекарите констатирале смрт и пријавиле во полициската станица во Велес.

Поради непристапниот терен увид на местото на самоубиството бил направен утрово. Полицијата на семејството им го предала телото на починатиот човек./Б.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.