Се пензионираа три професорки на велешката Гимназија
„Сите да си дочекате, навистина било убаво да заминеш во пензија“, им рекоа на своите колеги од велешката Гимназија трите професорки кои во новата 2014 година се збогуваа со повеќе децениското предавање на наставното градиво и отценките. Трите професорките Јулијана Минова, Анка Ќупева и Пандорка Никушева денеска станаа пензионерки и се разделија од професорскиот мантил, таблата и кредата. И рекоа збогум на институцијата кон која со години итаа и во која ги чекаа училишното ѕвонче и учениците гладни за знаење.
Минова, Ќупева и Никушева, заедно со своите колеги, се заслужни за повеќе стотини интелектуалции кои денеска се успешни економисти, информатичари, биолози, лаборанти и за уште неколку пати по толку вредни работници во велешките институции и фирми. Тие се горди на своите постигнати реаултати исто како и нивните ученици што токму нив ги имале за професорки во гимназиското образование.
Сите вработени во колективот денеска беа во професорската канцеларија.Тие на Минова, Ќупева и Никушева им посакаа пензијата да ја трошат онолку години колку што вредно ја заработија во гимназијата „Кочо Рацин“.