Велешани добија три директни автобуски линии до Скопје
Автопревозните фирми „Бабуна превоз“ и „Струмица експрес“ добија три линии за превоз на патници од Велес до Скопје. По јавна распределба, во Министерството за транспорт и врски, овие превозници секое утро ќе треба да ги возат велешани до Скопје и попладне да ги враќаат во Велес.
Од автобуската станица два автобуси на „Бабуна превоз“ќе тргнуваат во 6.30 и во 6. 55 часот додека „Струмица експрес“ во 07.45 часот. Граѓаните кои учат, студираат или работат во македонската метропола за враќање во Велес ќе ги користат автобусите на првиот автопревозник во 16.50 часот и во 17.20 часот додека вториот ќе поаѓа од скопската автобуска станица во 17.10 часот.
На овој начин државата ќе се обиде да ја заоволи потребата на велешани да патуваат кон Скопје во автобуси во кои нема да бараат место повеќе. Досега беше така со години. Особено место, со платен билет во рака, не можеше да се најде во понеделник и петок. Велес досега немаше директни линии и граѓаните ги користеа автобусите од источна, југоисточна и југозападна Македонија кои транзит минеа низ Велес./Б.Н