Велес ги доби првите млади шаховски велемајстори

Објавено на 6 март, 2023 во 10:39
Фото: Победници на првиот шаховски маратон во сите три категории

Шаховскиот маратон што од рано утрината до доцна вечерта во петокот,на 3 март, се организираше во салата на средното стручно училиште „Коле Неделковски“ заврши со прогласување на победници. Така Велес ги доби првите млади шаховски велемајстори во три категории.

Во категоријата на средношколци, победник на натпреварот е Димитар Трајчевски од гимназијата „Кочо Рацин“. Втора награда освои Филип Петровски од училиштето во коешто се организираше турнирот и трета награда доби Симон Николов ученик во велешката гимназија.

Фото: Ученици од категорија средношколци

Во категоријата до 14 години, најдобар ученик во натпреварот во шах е Филип Попзлатанов од „Блаже Конески“, второ место доби Андреј Богдановски и трето место Марко Јовановски, двајцата ученици во училиштето „Васил Главинов“.

Фото: Ученици од категорија до 14 години

Во категоријата до 10 години најдобар ученик во шах е Марко Зафиров од „Васил Главинов“, второ место е Михаил Коларовски и трето место Сергеј Божиновски, двајцата од „Блаже Конески“.

Фото: Ученици од категорија до 10 години

Во шаховкиот маратон учествуваа вкупно 180 ученици од сите основни и средни училишта во градот. Организатори на првиот шаховски маратон беа професорите Трајче Недев и Стојан Петкашинов од ССОУ „Коле Неделковски“ во чиишто простории се одржа натпреварот.

Потврда дека шаховската традиција што Велес ја има нема да исчезне, напротив, поттикнати од вака големиот интерес професорите ќе организираат и нареден натпревар.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.