Велес, утре, ќе ги одбележи двата македонски Илиндена
Одбележувањето на двата најголемите и најзначани празници на македонската самобитност и државност ќе се одржи, утре, 2 Август, Илинден со посета на Спомен костурницата на загинатите борци од НОБ и ќе продолжи пред споменикот на Илинденците како и пред споменикот на Панко Брашнаров, народниот учител и потпретседател на Президиумот на АСНОМ.
Делегациите на Општина Велес, локални институции и граѓани во 9:00 часот ќе положат цвеќе и ќе оддадат почит на загинатите борци во борбата за слобода од антифашистичката окупација. Триесет минути подоцна ќе се одржи чествување пред споменикот на Илинденците, во центарот на Велес, кај поранешна Стоковна куќа „НА – Ма“ додека пред споменикот на Брашнаров во новиот дел на Велес, ќе се случи во 10:45 часот.
Убавка Јаневска