Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Исправна за пиење била  само водата од градскиот водовот, така покажуваат анализите на Центарот за јавно здравје во Велес, направени во 2015 година.  Здрава за пиење била  и водата во селата кои се приклучени на градскиот водовод. Лекарите предупредувале за природните чешми во градот и околината. Од направените анализи на 70 примероци е констатирано било дека  сите се бактериолошки и хемиски неисправни. Кај некои од нив забележана била висока концентрација на нитрати и матност над максимално дозволените граници.

Во извештајот на Центарот за јавно здравје  за 2015 година стои дека небезбедна за пиење е и водата од селските водоводи, речиси во сите села кои со вода се снабдуваат со водовод е регистрирана бактериолошка неиспраност.  Во извештајот стои дека  зеле примероци и од природните чешми и бунари. Од вкупно 16 примероци на вода анализите покажале дека шест од нив се загадени. Кај хемиски неисправните води регистрирано е големо количество на нитрати и матност и тоа над максимално дозволените концентрации, додека пак кај бактериолошко неисправните води биле забележани бактеријата ешерихија коли и колиформните бактерии, предизвикувачи на заразни цревни заболувања.

Овој извештај на Центарот за јавно здравје денеска ќе биде презентиран на седницата на советот на општина Велес. Ќе важат ли истите препораки како и лани кои се однесуваа на строга забрана за пиење на водата од селските водоводи и природните чешми, ќе се знае откако ќе излезат резултатите од анализите на земените мостри вода./Д.С

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

            Општина Велес ја информира јавноста дека, третото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 14 август (петок) 2020 год. во периодот од 0500 до 0630 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 15 август (сабота) 2020 год.

            Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

           

                                                                                    Градоначалник

                                                                                    на Општина Велес,

                                                                                    Аце Коцевски

 
   
   
   
   

Најново