Европски стандарди во функционирањето на локалната самоуправа!

Објавено на 4 март, 2013 во 15:44

На првиот ден од официјалното започнување на  кампањата за локалните избори прес одржа Славчо Чадиев, еден од четворицата кандидати за градоначалник на Велес, на престојните избори.

Напредок и развој на општината преку намалување на невработеноста, привлекување на нови инвестиции, проширување на постоечките индустриски зони во УЗУС и Речани и изградба на нова во с. Караслари, легализација на 6.000 дивоизградените објекти, промена на постоечките детални и генерални урбанистички планови и изградба на затворен пазар како и нов трговски центар.

Ова се дел од приоритетите во изборната програма на кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ, Славчо Чадиев.

„Побрување на инфраструктурата – реконструкција улиците во општината, како во урбаните, така и во руралните делови. Изградба на локални патишта. Обезбедување на квалитетна вода за пиење и систем за одведување на отпадните води како во урбаните така и во руралните средини. Затоа во овој мандат ќе ја довршиме замената на старите азбестни водоводни цевки штетни по здравјето на граѓаните. Заедно со Владата на РМ ќе продолжиме со поддршка на локалните производители на земјоделски производи,“ рече на денешната прес конференција Чадиев.

Тој наброја повеќе проекти за подобрување на квалитетот на образованието, спортот, туризмот, за заштита на животната средина. Вети дека во соработка со владата ќе вовеле вистински европски стандарди во функционирањето на идната локална самоуправа на која приоритет ќе и бидат предлозите и барањата од граѓаните.

Исто така најави позитивна кампања и контакти со секој граѓанин и соопшти дека неговата партија завршниот митинг ќе го одржи во Велес, на 22 март годинава./Б.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.