Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Osnoven sud Veles fin

По трет пат, на 16 октомври, годинава, Основниот суд Велес го закажа почетокот на судскиот процес во кој обвинети за кривичното дело „злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик“ се екс Градоначалникот на Општина Велес , Славчо Чадиев и екс Претседателот на Советот на Општина Велес, Александар Колев.

На првото рочиште не се појави Чадиев додека на второто, во судница не дојде Колев.

Екс градоначалникот на Велес Славчо Чадиев по излегување од зградата на Основен суд Велес изјави дека станувало збор за политички мотивиран судски процес и ја соопшти причината за неговото не појавување на првото рочиште.

- Не бев уредно поканет инаку јас досега во повеќе наврати сум доаѓал и како сведок, проверете ги фактите секогаш сум бил присутен, рече Чадиев.
На прашањето пак дали ја знае причината за недоаѓањето на обвинетиот Колев, не се слушаат ли бидејќи се обвинети во ист предмет Чадиев одговори:

- Тоа јас не можам да ви кажам. Како што слушнав сега,во судница, човекот бил болен имал некакви здравствени проблеми. Не коментирам туѓа здравствена состојба, додаде Чадиев.

Исто како за Чадиев така и за Колев , доколку не се појават на рочиште, судот ќе бара присилно приведување.

Според обвинителниот акт поранешниот велешки градоначалник Славчо Чадиев е обвинет дека со усни допуштања му одобрил на поранешниот претседател на Советот на Општина Велес Александар Колев за 1,5 години, поточно од февруари 2014 до август 2016-та, без реверс да користи две службени возила како и за набавка на 2.880 литри гориво во вредност од 170.598,00 денари. Горивото го платила оштетената Општина Велес на основа на фактури и испратници што биле потпишани од Колев./У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново