Велешанец нападнал колега на работно место
Објавено на 26 септември, 2022 во 09:30
Педесет и шест годишниот велешанец О.С додека бил на своето работно место во филтерна станица Велес бил физички нападнат од неговиот колега Т.Д.
Немилиот настан се случил вчера, 24 септември околу 19 часот додека О.С го пријавил половина час подоцна во Полициска станица Велес.
Од Министерство за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Стефани Манева