Велешанец пријавил дека неговата ќерка и нејзиното малолетно дете се оддалечиле од домот
Објавено на 17 септември, 2024 во 11:27
Педесет и три годишниот М.М од Велес, вчера, во 15:30 часот во Сектор за внатрешни работи Велес пријавил дека по претходна расправија, неговата деветнаесет годишна ќерка заедно со нејзината двегодишна ќерка се оддалечила од домот.
Од СВР Велес велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.
Дума.мк