Велешанец пронајден починат во сопствениот дом
Објавено на 17 април, 2024 во 14:08
Шеесет и едно годишниот С.Д од Велес, ноќеска околу полноќ, бил пронајден починат во сопствениот дом.
Била побарана и помош од велешките пожарникари за отклучување на вратата од домот на сограѓанинот, по што пожарникари се упатиле на лице место со едно против пожарно возило и ја отвориле вратата каде било пронајдено починатото лице.
Од Сектор за внатрешни работи Велес соопштија дека лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот велешанец било дадено на обдукција.
Дума.мк