Велешанец загина во сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип – Кочани
Објавено на 30 мај, 2023 во 13:23
Шеесет и две годишниот З.Ѓ од Велес, вчера, на пладне загинал во сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип – Кочани. Тој управувајќи товарно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки се судрил со товарно возило „ман“ со беровски регистарски ознаки управувано од четириесет и едно годишниот Г.Л од село Будинарци, беровско.
Од Министерство за внатрешни работи соопштија дека на местото на несреќата починал велешанецот, додела Г.Л се здобил со тешки телесни повреди и неговиот сопатник, 24 годишниот беровчанец Д.Ц со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип.
Несреќата била пријавена во СВР Штип во 12:50 часот и бил извршен увид од увидна екипа на СВР Штип.
Стефани Манева