Велешани и утре, сабота, ќе може да ги зeмаат готовите лични документи
Објавено: 23 февруари, 2024, во 11:51 часот
Сектор за внатрешни работи Велес информира дека велешани утре, на 24 февруари, во Одделението за граѓански работи ќе може да ги подигнуваат своите готови лични документи.
Во временски период од 08:00 до 16:00 часот ќе биде отворено одделението и во истиот период граѓаните ќе може да ги подигнуваат готовите пасоши, лични карти и возачки дозволи.
Стефани Манева



