(видео) Велешани наскоро физикална терапија ќе добиваат и во попладневните часови соопштија од ЈЗУ Општа болница Велес
Граѓаните коишто се вработени побараа информација зошто во изминатиот месец и половина не можат да добијат здравствени услуги од Одделение за физикална терапија во попладневните часови. Овие прашања ги испратија до Дума.мк и објаснија дека немаат можност постојано да земаат слободни часови додека се на работа или пак да користат слободни денови.
Дума.мк испрати прашања до велешка болница која е причината што Одделението за физикална терапија не издава здравствени услуги на пациенти во втора смена поточно во попладневните часови. Портпаролката на велешка болница Марина Андова во видео изјава одговори на поставеното новинарско прашање и рече дека наскоро оваа ситуација ќе биде надмината.
Инаку бројот на пациенти коишто примаат физикална терапија во последните години се зголемува, покрај возрасните граѓани и оние во средни години, потреба од физикална терапија се појавува и кај младите граѓани.
Одделението за физикална терапија во Велес овој вид на здравствени услуги во изминатите години ги издаваше на нележечки пациенти во две смени.
Стефани Манева