Велешани не паркирајте возила на места обележани за лица со посебни потреби, апелира полицијата
Се злоупотребуваат одбележаните паркинг местата што треба да ги користат лицата за посебни потреби во Велес. Граѓаните се почесто покажуваат несовесност и ретко каде на паркинг местата може да се најде слободен прописно обележан паркинг за лицата со посебни потреби и со инвалидитет. Полицијата превентивно апелира но и посочува дека казните за злоупотребата што се прави со овој вид на паркинг места казнива е согласно закон.
„Постоењето на овие паркинг места е одговор на потребата оваа категорија на лица кои имаат потешкотии при движењето, качувањето, симнувањето да им се олесни влегувањето и излегувањето од нивното возило или возилото во кое се превезуваат. Факт е дека паркинг треба да има достапен за сите и вистина е дека во Велес се бара паркинг плус, меѓутоа, тоа не значи дека треба да се узурпираат паркинзите определени за овие лица кои имаат реална потреба да го скратат патот на движење до објектите. Оттаму, СВР Велес упатува апел до сите возачи учесници во сообракајот да ги почитуваат посебно обележаните местата за паркирање наменети за лица со инвалидитет на подрачјето на Град Велес. Казната за паркирање на возило на места означени како паркинг за лица со посебни потребни изнесува 180 евра. Од СВР Велес додаваат дека покрај санкционирањето на несовесните возачи се друго е одраз на нивото на нашата општествена култура и свест. Да бидеме сите совесни возачи, да бидеме сите хумани кон нашите сограѓани со посебни потреби.“, соопштија од СВР Велес.
Стефани Манева