Велешани плаќачи на данок на имот, помал процент на наплата бележат фирмите

Објавено на 16 октомври, 2023 во 12:38

Општината за задоволителна ја оцени наплатата на данок на имот од физички лица за 2023 година.  Заклучно со месец септември,годинава, 75 отсто од семејствата веќе ја подмириле својата обврска по овој основ. Во општинската каса се слеале вкупно 14 милиони денари. Од вкупниот број на даночни обврзници од оваа категорија и по овој основ се очекува прилив од уште 5 милиони денари или помалку од 30 отсто.

Помала е наплатата на данок на имот од страна на правните лица. Заклучно со месец септември, годинава, наплатата на овој вид данок од фирмите во Велес изнесува 4 милиони и 900 илјади денари или 44 отсто. До крајот на годината општината очекува да собере уште 30 % од планираните финансиски средства.

„За неплатениот данок на имот за правни и физички лица општината има обврска да издаде опомени. Решенијата за плаќање за 2023 година се издадени во месеците јуни и јули додека крајниот рок за плаќање истекува на 15 ноември годинава, соопшти Општина Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.