Велешанка и двајца мажи учествувале во тепачка, еден од нив употребил и тврд предмет

Објавено на 27 јуни, 2024 во 10:40

Четириесет и девет годишната велешанка С.А и четири години повозрасниот З.А од една страна и шеесет и пет годишниот велешанец Т.Д од друга страна, во село Нежилово, Општина Чашка, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка.

-Според пријавеното З.А. со тврд предмет го удрил Т.Д., пишува во дневниот билтен на СВР Велес.

Оттаму додаваат дека случајот бил пријавен во 19:00 часот а по расчистување на истиот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.