Велешанката што го уби невенчаниот сопруг во Велес е предадена на Јавен обвинител (ОБНОВЕНО)
Полициски службеници на СВР Велес откако беше осомничена, денеска, ја предадоа дваесет и три годишна П.И од Велес на Јавен обвинител на Основно Јавно обвинителство во Велес. Обвинителството за Дума.мк соопшти дека отвори истрага во која што осомничената дала исказ.
По земениот исказ, Јавен обвинител, издаде наредби за анализи на трагите пронајдени на местото на убиството, за вештачење на ножот со којшто е извршено кривичното дело и за извршување на преглед на осомничената. Исто така издадена е наредба и за предавање на телото на убиениот невенчан сопруг на обдукција.
Во текот на денот дваесет и три годишната П.И однесена е и на телесен преглед. Обвинителот ги очекува лекарските извештаи за осомничената.
Во текот на истрагата се очекуваат и извештаите од вештачењето на ножот со којшто беше прободен велешанецот А.Р.
Осомничената рано утринава, околу 2:30 часот, во куќа на улица „Максим Горки“ број 190 со остар предмет, нож, му нанела убодна рана со фатални последици по животот на нејзиниот невенчан сопруг А.Р.(40) од Велес. Смртта ја констатираше лекар на Итна медицинска помош.
Убавка Јаневска