Велешки Црвен крст одржа дисеминациска сесија со учениците од Градско
Објавено на 11 мај, 2022 во 11:40
Осмооделенците од основното училиште „Даме Груев“од Градско, вчера, на работилница организирана од страна на Црвен крст – Велес, преку презентација од страна на двајца волонтери биле информирани за принципите и работата на оваа организација.
– На работилницата учениците можеа да научат нешто повеќе за основните принципи на Црвени крст, историјатот како настанала организацијата, знакот, активностите и програмите каде се вклучени волонтерите, пишува во соопштението на Црвен крст – Велес.
Од велешки Црвен крст информираат дека вакви сесии во наредниот период, исто така, ќе бидат изведени во Општина Велес и Општина Чашка.
За месец мај предвидени им се осум дисеминациски сесии.
Стефани Манева