Велешки Црвен крст со едукација на ученици за борба против трговија со луѓе
Објавено на 20 март, 2024 во 09:48
Повеќе од 90 ученици од втора година од ССОУ „Димитрија Чуповски“, во месец март беа дел од пет врснички едукации на тема „Борба против трговијата со луѓе“ спроведени од страна на велешки Црвен крст, поточно од врсничките едукаторите Даниел Србов и Мартина Ѓорѓевиќ.
-Учениците се запознаа со процесот на регрутирање, транспорт и експлоатација на лица – жртви на трговија со луѓе, а целта на оваа активност е да се разбуди вниманието кај младата популација и да се посочи на опасностите кои ги носи трговијата со луѓе, велат од Црвен крст – Општинска организација Велес.
Во текот на предавањето, посебен акцент бил ставен на претпазливоста, како прва појдовна точка при превенцијата.
Стефани Манева