Велешки Црвен крст со промотивни активности на Градски базен

Волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст на РСМ – Општинска организација Велес ќе имаат лето полно со работа. Како една од активностите се двои и промотивниот штанд поставен на градскиот базен во Велес, на којшто, преку забавни летни игри и едукации ќе се врши промоција на сите програмски содржини на организацијата.

-Секој ден, до почетокот на учебната година волонтерите на Црвен крст ќе имаат промотивен штанд со активности на градскиот базен. Тие преку најразлични активности и забавни летни игри им го развеселуваат денот на најмладите посетители на градскиот базен, а на родителите им поделуваат едукативни и промотивни материјали за да се запознаат со активностите на Клубот на млади. За нив ова ќе биде работно лето, соопштија од велешки Црвен крст.

Оттаму информираат дека во активностите ќе бидат вклучени дваесетина волонтери од кои поголем дел се веќе искусни во својата работа но дел се новодојдени преку летната програма за волонтирање.

Исто така, нивна цел е преку овие интересни активности да се зголеми бројот на нови волонтери.
Стефани Манева
