Велешките извидници на ИО „Димитар Влахов“ одбележаа седум децении постоење и доделија над сто признанија (фото)
Горди на историскиот податци дека токму во Велес пред повеќе од 100 години се појави првиот скаутски стег во тогашна Вардарска Бановина, а пред 70 години и првата извидничка организација во Македонија, извидниците на ИО„Димитар Влахов“ одбележа седум децениски јубилеј .
Пред повеќе од седумдесет години благодарејќи на извидничкото организирање во Велес, Куманово, Штип, Скопје, Струмица во Република Макединија се појавува најголемото младинско движење – Сојуз на извидници на Македонија., благодарејќи на Васил Ѓоргов кој го видел и го пренел извидништвото во Велес од каде што започнува и цела оваа приказна, почетоците на Сојуз на извидници на Македонија.
Во иметот на Сојуз на извидници на Македонија на денешната свечена Академија Бобан Москов рече дека макеонскиот извиднички Сојуз го препознава ИО„Димитар Влахов“ како еден од најуспешните одреди во државата.
„Овој одред активно и директно е вклучен во локалната заедница и придонесува во развојот на децата и младите во достигнувањата на нивните физички, општествени, интелектуални и духовни можности. Извидничкото движење е движење кое промовира мир и традиционални вредности со примена на извидничките закони и методи. Ги подготвува младите да имаат конструктивна улога во општеството, за стекнување со конкретни вештини и практични работи кои ќе овозможат да бидат конкурентни на пазарот на трудот“, додаде Москов.
Во периодот на 1953 – 2023 година извидничката организација во Велес имала големи подеми и падови. Низ самата организација, во сите овие 70 години, според одредската архива поминуваат приближно 40.000 членови, а тоа членство е предводено од осум генерации на истакнати извидници. Голем број на извидници од велешкиот одред се стекнуваат со голем број на раководни функции, како во Сојузот на извидници на Македонија, така и во поранешната Општинска конференција на Сојузот на Социјалистичката Младина на Велес, Младинскиот Сојуз на Велес, Младинскиот совет на Македонија, Средношколскиот сојуз на Македонија, Сојузот на невладини организации, Локален Младински совет на Општина Велес. Но сепак женскиот кадар беше тој што секогаш беше поддршка на работењето на одредот.
На денешната Свечена Академија, ИО “Димитар Влахов”, за успешна соработка, поддршка, развој и унапредување на одредот и старешинството додели Плакети и Повелби чии добитници се поранешен братски одред “22 Април„ од Бања Лука, Босна и Херцеговина и брадски одред извиднички одред “Мија Станимировиќ” од Ниш – Република Србија
Исто така пофалница за покажани резултати кои се однесуваат на јакнењето и ширењето на одредот, за оспособување на кадри, истакнато учество на акции или успешно организирање на акции и добра пропаганда и маркетинг беа доделени на Марко Петковски, Филип Николов, Трајче Јованов, Ангелче Пљаков, Елена Хаџиева, Стефанија Јакимовска, Љупчо Најдовски, Димче Димовски, Здружение на граѓани „Акцијаш – Ветерани“, „Активо“ – Центар за активни граѓани, веб портал tirekovmirece.com, веб портал duma.mk, веб портал kineziologija.mk и Радио „5 ФМ“.
Извиднички одред „Димитар Влахов” додели БЛАГОДАРНИЦА за успешна соработка , поддршка и помош во развојот и унапредување на одредот на ССОУ “Коле Неделковски, СОУ “Гимназија Кочо Рацин”, СОУ “Димитрија Чуповски, СОУ “Јовче Тесличков,” ООУ “Васил Главинов”, ООУ “Св.Кирил и Методиј”, ООУ “Блаже Конески”, ООУ” Панко Брашнаров” и ООУ “Тодор Јанев“ во населба Чашка.
Исто така за петгодишно активно учество и развој на извидничкото движење во Велес и со својата непрекината работа во последните две години допринеле за остварување на програмата за работа на одредот како и совесно ги извршувале должностите со ЈУБИЛЕЈНА МАРАМА беа одликувани извидниците Тино Анѓелов, Јована Јошевска, Антонио Јорданов, Милчо Ракиџиев, Кристијан Јорданов и Аце Перковски.
Истакнати беа и извидниците за 10 годишно активно учество и развој на извидничкото движење во Велес Катерина Гушева и Никола Аксентијев додека за 15 годишно активно со медали беа наградени Иван Гушев, Бојан Миклош и Јане Јанков.
Плакетите пак за 20 годишно активно учество ги добија извидниците Златко Ристов, Благој Ѓорчевски, Зоран Пановски, Димитар Јорданов, Стефан Петровски, Владимир Ивановски Вуцо, Александар Ристов, Тоше Василевски, Александар Љутков и Ѓорги Котев.
На прославата по повод 70 годишнината на одредот, оддадени беа признанија на градските и општински Градоначалник на Општина Чашка , Горан Стојановски, Совет на Општина Чашка, Министерство за животна средина и просторно планирање, Македонски центар за меѓународна соработка, Сојуз на извидници на Македонија и Извиднички центар Охрид. Исто така благодарници за успешна соработка добија ИПО “Јадран” Скопје, ИПО “Галеб” – Скопје, ИО Скаут” Куманово,,ИО “Крсте Јон” Струга, ИО “ММ – Брицо” Скопје, ИО “Гоце Делчев” Свети Николе, ИО “Мирко Милески“ – Кичево, ИО “Еквинокс“ Штип, ИО “Браќа Миладиновци” – Скопје, Прв скопски извиднички одред, ИПО “Сидро“ – Скопје, .ИО “Феникс” – Прилеп, ИО “Ластовица“ – Кочани, ИО “Наум Наумовски – Борче“ Крива Паланка, ИО “Армонија“ – Виница, ИО “Пионер“ – Охрид, Новоматик – ХТЛ Македонија, Делта Бет, Пескара Вел, Брако, Винарија Изворно, НЛБ Банка, Фито Бест Груп, Балкан Мјузик ТВ, Гостилница Снупи, Печатница Графикс Принт плус, Радио Голди, Месна Заедница“Голозинци“, ОО Црвен Крст Велес, ЕД Вила Зора, Фондација Фокус, Ристе Давчевски и Ѓорѓи Кајшаров.
Со “Медал за остварување на трајни вредности“, ИО „Димитра Влахов“, ги награди Јанко Атанасов, Жико Пановски, Никола Андреевски, Ивица Ефремов, Душко Славевски, Кире Марковски, Тони Јошевски, Богдан Чочков, Зоран Стојанов, Славчо Чадиев, Јово Свилар, Сухан Хасанов, Јордан Димов, Благој Јорданов, Димче Велев, Јордан Бајрактаров, Жаклина Гушева, Марина Влахчев, Влатко Влахчев, Богдан Маневски, Ненад Андреевски, Дејан Ѓоргиев, Бојан Миклош, Владимир Ивановски, Валентин Јанкуловски, Доне Нецинов, Даниела Зашовска, Габриела Гијовска Јаневска, Стеве Неделков, Трајко Ѓорѓиев, Мемет Рустемовски, Кристика Стојанова, Ангелче Гушев, Илија Чадиев – постхумно,Кочо Јованов – постхумно, Руска Петрушевска – постхумно, Надица Чугунцалиева – постхумно, Боривој Ѓоргиевски – постхумно и Боро Наќевски – постхумно
Во рамките на прославата по повод 70 години извиднички одред “Димитар Влахов“ Велес беа доделени и наградите за најуспешните литературни и ликовни творби на ученици на основни и средни училишта во Велес.
Убавка Јаневска