Велешките пензионери на здружението преку Црвен Крст ќе стекнат дигитални вештини
Објавено на 19 октомври, 2023 во 14:27
Црвен крст Велес, сподели дека во рамките на проектот „Заедно сме посилни во дигиталниот свет“, возрасните лица од Здружението на пензионери – Велес ќе стекнат дигитални вештини и знаења.
-Ја одржавме првата средба во просториите на здружението. Проектот ќе се реализира од страна на обучен ментор кои ќе им помогне на старите лица да стекнат дигитални вештини и знаења како да бидат безбедни на интернет. На запознавањето, на старите лица им беа претставени активностите на проектот, временската рамка за реализација, соопштија од велешки Црвен крст.
За време на средбата биле договорени и усвоени наредните часови за реализација на работилницата.
Стефани Манева