(Видео) Група „Акаханга“ од Чиле: Емоциите и радоста на велешката публика на ИФФ „Велес 2025“ ќе ни останат во трајно сеќавање

Објавено на 4 јули, 2025 во 12:38

Атрактивните танчерки и танчери на чилеанската група за култура „Акаханга“ поминаа илјадници километри за да стигнат во Велес и во Македонија. Нивна цел е да го претстават традиционалниот чилеански танц пред публиката на фолклорниот фестивал. Тие успеваат во намерата затоа што се наградени со бурни овации и аплаузи. Сепак Дума.мк ги праша танчерките и танчерите колку тие се задоволни од домаќините, што им се допадна и што сакаат да спознаат и видат до недела, 6 јуни до кога ќе престојуваат во Велес и во Македонија.

Во видео изјава за Дума.мк тие објаснија и како ја транспортирале од Чиле до Велес статуата висока околу два метра која се вика Моаи и е симбол за Велигденските острови од кадешто доаѓаат тие.

И вчеравечер „Акаханга“ изведе чилеански танци на трета вечер на Интернационален фолклорен фестивал „Велес 2025“.

Исто така, вчеравечер настапија „Распеани пензионери“ од Македонија, ФА „Пилиароже“ и „Ратилелис“ од Литванија, Оркестар на традиционални инструменти „Стефан Гајдов“ од Македонија, ФА „Росенка“ од Чешка, ЕФЗ „Седум осмини“ од Македонија, ФТА „Теа Мас“ од Германија, Фолклорен балет „Цитлалкоатл“ од Мексико и Ансамбл за народни танци „Јенимале“ од Турција.

Стефани Манева

Убавка Јаневска

Фото: „Распеани пензионери“ – Македонија

Фото: ФА „Пилиароже“ и „Ратилелис“ – Литванија

Фото: Оркестар на традиционални инструменти „Стефан Гајдов“ – Македонија

Фото: Оркестар на традиционални инструменти „Стефан Гајдов“ – Македонија

Фото: ФА „Росенка“ – Чешка

Фото: ЕФЗ „Седум осмини“ – Македонија

Фото: ФТА „Теа Мас“ – Германија

Фото: Фолклорен балет „Цитлалкоатл“ – Мексико

Фото: Ансамбл за народни танци „Јенимале“ – Турција

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.