(видео) Колев: Годинава очекувам три, а в година шест милиони евра од државата за капитални проекти во Општина Велес
По подолго време, на денешната прес конфереција којашто се одржа во неговиот кабинет, градоначалникот Марко Колев посочи повеќе капитални проекти со коишто ќе се подобри основната инфраструктура во градот. Според него, повеќе од 80% од улиците во градот ќе бидат реконстуирани по завршување на градежните активности.
Изградба на кејот на река Вардар до Стар мост, изградба на голем број патни правци во градот, нови детски игралишта, реконструкција на Спомен Костурница и поставување на фекална канализација, се дел од проектите што денска градоначалникот Колев ги соопшти пред новинарите.
Сите детални информации околу капиталните проекти ги содржи видео материјалот.
Инаку, проценките на Колев се дека реализацијата на овие проекти ќе биде финансиски помогнати од државтата, годинава со три а веќе од година со шест милиони евра финансиска поддршка.
Убавка Јаневска