(видео) Во тотален мрак во ноќните часови се движат граѓани на улицата „Јовче Џипунов“, бараат помош од медиумите за општината да им пушти улично осветлување
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2024/03/Screenshot-2024-03-04-133902.png)
Граѓани коишто живеат на улица „Јовче Џипунов“ до медиумите испратија видео запис на кој е прикажано дека подолг временски период во ноќните чаосви не можат да се движат до сопствените домови. На видеото е прикажан тотален мрак на улицата а во порака пишуваат: „Помогнети ни да добиеме улично осветлување и актуализирајте го нашиот проблем“.
Дума.мк до Општина Велес ипрати прашање и барање на одговор „која е причината што улицата „Јовче Џипунов“ нема осветлување и кога, доколку станува збор за дефект, ќе проработи уличното осветлување“. Оттаму денеска одговорија дека една улична светилка веќе била сервисирана а другата ќе ја сервисирале наскоро.
-Во врска со Вашето прашање Ве информираме дека за наведената улица Јовче Џипунов има пријава за две улични светилки дека се во неисправна состојба. Едната светилка (долната) е поправена, а горната светилка што се наоѓа на столб висок 9 метри ќе биде сревисирана со помош на дигалка. Даден е налог за сервисирање на двете светилки, пишува во одговорот на Општина Велес.
Од Општината не конкретизираа кога тоа ќе се случи сервисирањето на втората светилка.
Стефани Манева
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)