Во Богомила, на крајот од месец мај, „9th Outdoor Festival АЗОТ 2023 мтб предизвик“

Годинава по деветти пат Богомила ќе биде домаќин на „9th Outdoor Festival АЗОТ 2023 мтб предизвик“. Започна кампањата за пријавување на учесници на годинешната велосипедска манифестација. Оваа година како и минатите осум се предвидени две велосипедкси патеки и тоа средна тура со должина од 34,4КМ +1010м елевација и ULTRA TRAIL 42,9КМ +1695м елевација. Планинраската тура ќе биде до изворите на Бабуба и ке биде во должина од 16,2 км, во два правци, со елевација од 650 м. Стартот и целта се предвидени од село Нежилово.

-Исто како и минатите години настанот официјално трае два дена, сабота и недела на 27 и 28 мај, за кога се подготвува богата програма. Првиот ден започнуваме со рекреативна тура до манастир во село Согле. Рекреативната тура којашто ќе започне во 12:00 часот предизвикува голем интерес. Турата е со должина од 20 км и е релативно лесна. Во првиот ден предвидена е и обука од Црвен Крст чии стручни лица ќе реализираат превенција при повреди настанати за време на возење на велосипед. Предвидена е и обука на вештини на возење велосипед наменет за помладите учесници, предвидено и „Кино-АЗОТ“ со проекција на документарни филмови поврзани со регионот азот и Богомилското движење. Во културно забавните вечери со поддршка на спонзорите ќе се подготвува бесплатна скара и храна за сите учесници како и спектакуларна журка со рок бендот THE BACKDOOR BAND од Охрид, рече Зоран Јаневски претседател на ЗГ „Велес бајкинг“.

На вториот ден предвиден за возење, ќе се возат две велосипедски патеки како и планининарската. Потоа организаторите ќе реализираат и богата лотарија со награди за сите учесници. Се очекуваат преку 300 учесници од Македонија, како и гости од соседните држави Бугарија, Србија и Грција како и една група од БиХ.
Убавка Јаневска
