Во изминатите 24 часа еден примен и тројца испишани ковид пациенти, вчера еден починат
Објавено на 29 ноември, 2021 во 10:36
На болничко лекување во ЈЗУ Општа болница Велес се 35 ковид пациенти, од нив 25 се потврдени позитивни, двајца пациенти се сомнителни и осум пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
Според портпаролката на велешка болница, д-р Елена Левкова Ќулумова на Инфективно одделение се лекуваат 16 пациенти, на Интерно Б одделение четворица пациенти и во Модуларна болница 15 ковид пациенти.
На кислородна поддршка се 15 пациенти
Во изминатите 24 часа примен е еден пациент и тројца пациенти се испишани од болничко лекување.
Во текот на вчерашниот ден почина 72 годишен велешанец, како последица од мозочен удар којшто го добил додека се лекувал од Ковид-19.
Стефани Манева