Во Кавадарци ќе се отвори регионален центар за згрижување и третман на бездомни миленици
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2022/12/320582203_845785929998381_976564915174917151_n-1024x576.jpg)
Центарот за развој на Вардарски плански регион по потпишувањето на договорот за изградба на регионален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство во Вардарски плански регион ја започнува реализацијата на проектните активности.
Овој центар ќе биде лоциран на парцела во општина Кавадарци и истиот е наменет за сите девет општини од Вардарскиот плански регион.
Од Вардарски плански регион информираат дека проектот опфаќа изградба на стационар, набавка на опрема и возило за стационарот, изработка и развој на веб сајт со дефинираните модули „Пријави бездомни животни и локација“ и „Вдоми милениче!“ . Ќе се изработи систем за следење и регистрација на бездомни животни , ќе следуваат активности за ветеринарен третман на бездомните животни, како и маркетинг активности за подигнување на свесноста за вдомување на третирани бездомни животни
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2022/12/319818586_5604712866271949_8009631608854308108_n-1024x735.jpg)
Предвидените активности во рамки на проектот треба да бидат реализирани до крајот на 2024 година, а проектот кој е финансиран е од страна на Министерството за локална самоуправа и Швајцарија е во вкупна вредност од 20.916.000,00 денари.
Регионален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство во Вардарски плански регион се однесува на хуман третман на животните со директно влијание врз здравјето и безбедноста на луѓето.
Ангел Данов
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)