Во Општа болница Велес се лекуваат 24 ковид пациенти
Објавено на 20 мај, 2021 во 15:15
Испишани шест пациенти како оздравени со по еден негативен тест во текот на денешниот ден. Вкупно 24 пациенти се хоспитализирани во велешката болница од кои само 15 се потврдени позитивни и девет пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се 12 ковид пациенти, соопшти потпаролката д-р Елеонора Јованова.
Најголем број од ковид пациентите се лекуваат во Модуларната болница 13, во Инфективно одделение се лекуваат осум и во Интерно одделение тројца пациенти.
Стефани Манева