Во пет населени места на Општина Чашка се славеше „Богојавление – Водици“ со факање на светиот Крст (фото)
Најсреќните скокачи по Светиот крст низ населените места во Чашка оваа година се: Славче Димитриевски во населба.Чашка, Стефан Славевски во село Извор, Стефан Илиевски во село Богомила, Филип Димовски во село Согле и Димче Костадиновски во село Теово. Верниците добија скромни подароци од Општина Чашка и Градоначалникот Горан Стојановски кој во соопштение напиша:
„Нека ни е честит и вековит, големиот христијански празник Богојавление – Водици. Празникот нѐ повикува да се очистиме од гревовите на денот кога водите во нашата земја се преобразуваат во свети води за да потсетат на денот кога Исус Христос се крштеваше во реката Јордан. Секоја година овој празник ни порачува да ја обновиме и зајакнеме духовната зрелост и смирено и со љубов да си посакаме добра волја за совладување на сите предизвици што ни претстојат на личен и на колективен план.
Бог се јави!
За многу години!“
Убавка Јаневска