Во сообраќајка кај Дервенски мост, вчера вечер, 80 годишен маж сепак заврши со полесни повреди
Осумдесет годишниот И.Р од Велес, вчера вечер, се здобил со повреди во сообраќајната незгода која што се случи околу 21:00 часот кај Дервенски поток во близина на Караслари на автопатот Велес – Градско. Повредениот прва помош добил од екипа на велешката Итна помош.
-Во директен судир на два автомобили затекнавме на лице место маж со повреди на граден кош. По дадена прва помош го транспортиравме во Ургентна единица на Општа болница Велес за понатамошно иследување, рече д-р Васе Поп Стефанова Панова портпаролка на Здравствен дом Велес.
По превземањето на повредениот во ЈЗУ Општа болница Велес од амбулантното возило на ИМП со повреди стекнати од сообраќајна незгода направени биле повеќе прегледи, соопшти Марина Андова портпаролка на Општа болница Велес.
-Пациентот упатен е на Оддел за радиодијагностика каде се направени радиодијагностички прегледи на глава, на рамен појас со надлактица, на граден кош и на вратна кичма. Не се констатирани скршеници но,пациентот задржан е на понатамошен третман и опсервација на одделот, додаде Андова.
Дума.мк