Во сообраќајна незгода кај Градско маж се здобил со тешки повреди, од велешка болница препратен за Скопје
На делницата од автопатот А1, правец Градско спрема Велес, во близина на наплатна станица „Виничани“ патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки управувано од шеесет и седум годишниот М.М излеталот надвор од коловозот. Во незгодата возачот, М.М се здобил со тешки телесни повреди констатирани во ЈЗУ Општа болница Велес по што бил прпратен во Скопје, додека неговата сопатничка С.М 66 години со лесни телесни повреди.
-Вчера околу 12:00 часот во велешка болница донесени се двајца пациенти, М.М од машки и С.М од женски пол, со возило на Итна медицинска помош. М.М е прифатен од страна на лекари од Одделот за ортопедија и трауматологија каде му е укажана итна медицинска помош и испратен е на радиодијагностика каде му се направени прегледи на десна потколеница, скочен зглоб, градни органи и констатирана е фрактура на подколеница. Поради тежината на повредата со амбулантно возило на ЈЗУ Општа болница Велес испратен е во Ургентен центар Скопје. Додека на пациентката С.М укажана и е медицинска помош и даден и е совет за понатамошно лекување по што е пуштена на домашно лекување, соопшти Марина Андова портпаролка на велешка болница.
Во Сектор за внатрешни работи Велес сообраќајната незгода била пријавена во 11:00 часот и по овластување на јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.
Стефани Манева