Во СВР Велес одржана работна средба во рамките на кампањата „Лето без пожари“
По иницијатива на Полициска станица од Општа надлежност Велес и Отсек за превенција при СВР Велес, вчера, во просториите на секторот била реализирана работна средба за превентивно делување и спречување на пожари коишто во изминатиот период се чести и во поширокиот велешки регион.
На средбата биле присутни преставници од Територијалната противпожарна единица Велес, Регионален центар за управување со кризи Велес, Дирекција за заштита и спасување Велес, Ловно друштво „Руен-Велес“, Планинарско друштво „Гемиџии 903“ од Велес и од Општина Велес.
– Работната средба беше одржана со цел заедничко превентивно делување за спречување
на пожари, како и координирано заедничко делување при евентуално настанат пожар, објасни Биљана Ѓаковска портаролка на СВР Велес.
Инаку оваа работна средба е организирана во рамки на кампањата „Лето без пожари“.
Дума.мк