Во велешка болница хоспитализирани осум ковид пациенти
Објавено на 9 септември, 2022 во 10:13
Осум ковид пациенти се хоспитализирани во ЈЗУ Општа болница Велес од кои пет се потврдени позитивни на вирусот и тројца се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
Д-р Елена Левкова Ќулумова портпаролка на велешка болница соопшти дека седум ковид пациенти се лекуваат на Инфективно одделение додека еден пациент се лекува на Невропсихијатрија.
Од болничките пациенти само тројца се на кислородна поддршка.
Во велешка болница има 19 слободни болнички кревети.
Стефани Манева