Во велешка болница хоспитализирани се четворица ковид пациенти од кои две деца

Објавено на 29 јуни, 2022 во 13:25

Велешанка на четириесет и девет годишна возраст и нејзините две деца на шест годишна возраст се позитивни на корона вирусот и сместени на Инфективно одделение во ЈЗУ Општа болница Велес. Тие се во стабилна состојба и немаат потреба од кислородна поддршка.

-Претходиот петок, на 24 јуни примен е маж  на шеесет и девет годишна возраст од Неготино во стабилна состојба и без потреба од кислородна поддршка, соопшти портпаролката на велешка болница д-р Елена Левкова Ќулумова.

Инаку на Инфективно одделение има слободни 40 болнички кревети.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.