Во велешка болница хоспитализирани се четворица ковид пациенти од кои две деца
Објавено на 29 јуни, 2022 во 13:25
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2022/06/veleska-bolnica-so-logo-4-1-1-1-1-1-2-1-2-1-1-1-1-1-1-1-1.jpg)
Велешанка на четириесет и девет годишна возраст и нејзините две деца на шест годишна возраст се позитивни на корона вирусот и сместени на Инфективно одделение во ЈЗУ Општа болница Велес. Тие се во стабилна состојба и немаат потреба од кислородна поддршка.
-Претходиот петок, на 24 јуни примен е маж на шеесет и девет годишна возраст од Неготино во стабилна состојба и без потреба од кислородна поддршка, соопшти портпаролката на велешка болница д-р Елена Левкова Ќулумова.
Инаку на Инфективно одделение има слободни 40 болнички кревети.
Стефани Манева
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)