Во велешка болница хоспитализирани седум ковид пациенти
Објавено на 31 март, 2022 во 13:33
Во ЈЗУ Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани седум ковид пациенти од кои тројца се потврдени позитивни и двајца пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
-Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат тројца и на Интерно одделение четворица пациенти, соопшти д-р Елена Левкова Ќулумова, портпаролка на велешка болница.
На кислородна поддршка е еден пациент.
Во велешка болница има 47 слободни болнички кревети.
Стефани Манева