Во велешка болница се лекуваат 11 ковид пациенти
Објавено на 16 март, 2022 во 12:37
Во велешка болница вкупно се хоспитализирани 11 ковид пациенти од кои тројца се потврдени позитивни и осум пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
-На Инфективно одделение се лекуваат пет пациенти и на Интерно Б одделение шест пациенти, соопшти д-р Елена Левкова Ќулумова, портпаролка на ЈЗУ Општа болница Велес
На кислородна поддршка се седум пациенти.
Во изминатите 24 часа од болничко лекување испишан е еден пациент.
Стефани Манева