Во велешка болница се лекуваат 14 ковид пациенти

Објавено на 25 август, 2022 во 12:15

Четиринаесет ковид пациенти се хоспитализирани во ЈЗУ Општа болница Велес од кои единаесет се потврдени позитивни на вирусот, еден пациент е сомнителен и двајца пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.

-Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат 13 пациенти и еден пациент се лекува на Невропсихијатрија. Од вкупниот број на хоспитализирани пациенти, четворица се на кислородна поддршка. Во моментов има 13 слободни болнички кревети, соопшти д-р Елена Левкова Ќулумова, портпаролка на велешка болница.

Во изминатите 24 часа на болничко лекување примени се двајца пациенти и тројца пациенти се испишани како оздравени.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License