Во велешка болница се лекуваат 63 ковид пациенти
Објавено на 31 јануари, 2022 во 11:44
Во ЈЗУ Општина Велес вкупно се хоспитализирани 63 ковид пациенти од кои 51 се потврдени позитивни, шест пациенти се сомнителни и шест пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
-Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат 52 пациенти, на Интерно Б одделение девет и на Физикална двајца пациенти, соопшти портпаролката на велешка болница, д-р Елена Левкова Ќулумова.
На кислородна поддршка се 23 пациенти.
Во изминатите 24 часа испишани се двајца пациенти од болничко лекување.
Стефани Манева