Во велешката болница се лекуваат 70 ковид пациенти
Објавено на 28 септември, 2021 во 13:09
Од болничките 70 пациенти, 51 се потврдени позитивни на корона вирусот, осум се сомнителни и 11 се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
-На кислородна поддршка се вкупно 33 пациенти, соопшти д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа болница Велес.
На Инфективно одделение се лекуваат 40 пациенти, на Интерно одделение девет и во Модуларна болница 21.
Во текот на денот испишани се двајца пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
Стефани Манева