Возач на мотоцикл паднал и тешко се повредил, итно пренесен во Ургентен во Скопје

Објавено на 29 април, 2024 во 13:31

Педесет и четири годишниот С.Ѓ од Скопје,вчера попладне,околу 17 часот, го управувал  мотоциклот „хонда“ кога изгубил контрола и паднал на коловозот. Мотоциклистот во несреќата се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница во Велес.

-Пациентот е примен во Ургентна единица во 19 часот. По укажана прва медицинска помош од страна на лекар специјалист трауматолог тој е упатен на Оддел за радиодијагностика. Направена е компјутерска томографија на скочен зглоб и подколеница како и на цело тело и глава. По констатирани тешки телесни повреди на подколеница, пред се, поради тежината на повредата С.Ѓ итно е пренесен во Ургентен центар Скопје, соопшти Марина Андова портпаролка на ЈЗУ Општа болница Велес.

На местото на несреќата увид извршила увидна екипа на Сектор за внатрешни работи Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.