Времено ќе се затвори преминот Неготино поради работи на пругата Велес-Гевгелија
Патниот премин Неготино времено ќе биде затворен поради изведување работи на железничката пруга Велес-Гевгелија, информираше неготинскиот градоначалник Горан Стојанов. Тој соопшти дека во тек е ремонт на железничката пруга Велес-Гевгелија, делница Ногаевци-Неготино.
Стојанов додаде дека во рамките на овој ремонт се предвидува инсталација на гумени елементи на три патни премини на територија на општина Неготино и појасни дека за непречено извршување на градежните работи, потребно е целосно затворање на три патни премини.
– Патен премин на км.548+687 (Криволак), почеток на 28 март во 9.20 часот и крај на 29 март во 17.20 часот. Патен премин на км.537+114 (Кукуричани – влез во станица Кукуричани, правец на железничка пруга Велес-Гевгелија), почеток на 29 март во 9.20 часот и крај на 30 март во 17.20 часот. Патен премин на км.536+301 (Кукуричани – 813м пред патен премин на км.537+114, правец на железничка пруга Велес-Гевгелија ), почеток 30 март во 9.20 часот и крај на 31 март во 17.20 часот, информираше Стојанов, истакнувајќи дека информацијата се однесува на локалното население и претпријатијата, што ги користат овие патни премини.
Дума.мк